Хроника Воз удри пешак во Скопје

Воз удри пешак во Скопје

Вчера, во 8.10 часот во Скопје, се случила железничка незгода на железничкиот надвозник над булевар Србија, во која патнички воз, кој сообраќал на релација Велес – Скопје, удрил во пешакот Саќип И. (58) од село Батинци, Скопско, при што од здобиените повреди истиот починал на местото на настанот.

Извршен е увид и по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.