Свет Вооружен напад во клуб во Орландо, девет лица убиени

Вооружен напад во клуб во Орландо, девет лица убиени

Неидентификуваниот маж кој пукал во ноќен клуб за време на забава на ЛГБТ-заедницата во Орландо е мртов, а според сè уште неофицијални информации, девет лица се убиени.

Според прелиминарните извештаи, најмалку 40 лица се ранети, вклучувајќи и еден полицаец.

Пукањето се случило во ноќен клуб, а напаѓачот во еден момент се забарикадирал во објектот и зел заложници.

Еден од посетителите, кој во моментот на нападот се наоѓал во просторијата, на социјалните мрежи објавил снимка од нападот на која може да се видат повредени, на кои им била укажувана помош на самото место.

Очевидец наведува дека напаѓачот пукал од огнено оружје, а на снимките може да се видат луѓе кои врескаат и извикуваат дека во нападот има и мртви.