Дописници Вонредни локални избори за градоначалник, излезноста во Штип е 2,94 а во...

Вонредни локални избори за градоначалник, излезноста во Штип е 2,94 а во Пласница 7,37 отсто од запишаните гласачи

Фото: Арбнора Мемети

Два часа по отворањето на вкупно 77 гласачки места во Општината Штип, Општинската изборна комисија ги сумираше првичните податоци од излезноста на Вонредните локални избори за избор на градоначалник. До 9 часот своето право на глас го оствриле 2,94 проценти од запишаните гласачи, или 1.227 граѓани. Право на глас имаат 41.777 граѓани, запишани во Избирачкиот список во Штип.

Според Општинската изборна комисија, сите гласачки места се отворени навреме, а гласањето се одвива без проблеми.

Во изминатите два дена гласаа болните од ковид-19 и граѓаните во изолција, потоа болните и изнемоштените, затворениците и две штипјанки сместени во геријатриски центар во Прилеп.

Во Општина Пласница има вкупно 4.954 гласачи, а до 9 часот излегле да гласаат 365 гласачи односно 7.37 отсто.

Гласањето ќе се одвива до 19 часот.