Свет Балкан Вонредната состојба во Турција продолжена за уште три месеци

Вонредната состојба во Турција продолжена за уште три месеци

Турската влада денеска одлучи да ја продолжи за уште три месеци вонредната состојба во земјата, која беше воведена по неуспешниот воен пуч кој се случи во јули.

Продолжувањето од три месеци почнува да тече од 19 октомври.

– Вонредната состојба ќе биде продолжена за 90 дена, почнувајќи од 19 октомври – изјави на конференција за новинари заменикот на турскиот премиер, Нуман Куртулмуш.