Македонија Вонредна владина седница по сообраќајната несреќа во која загинаа 13 лица

Вонредна владина седница по сообраќајната несреќа во која загинаа 13 лица

Владата вечерва ќе одржи вонредна седница, по автобуската несреќа што попладнево се случи на автопатот Скопје – Тетово околу 17 часот, кога животот го загубија 13 лица, над 30 се повредени, а осуммина се во животна опасност.

Министрите во Владата ќе ги договорат понатамошните чекори што ќе бидат преземени со цел да се расчисти случајот, а се очекува утрешниот ден да биде прогласен за ден на жалост.

Седницата е закажана за 22.30 часот.