Македонија Вонредна авионска дезинсекција во поплавените подрачја

Вонредна авионска дезинсекција во поплавените подрачја

Министерството за здравство во четврток ќе спроведе авионска дезинсекција на вкупна површина од околу 6.000 хектари на подрачјата на Куманово, Тетово, Битола, Прилеп, Охрид, Кочани, Струмица, Штип, Велес, со посебен акцент на подрачјата зафатени од поплавите.

Авионското прскање ќе се изврши во утринските часови во периодот од 5 до 8 часот.

„За таа цел, се известуваат лицата кои чуваат пчели навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите и да не ги пуштаат надвор во наредните 3 – 4 часа од прскањето. Станува збор за втора вонредна дезинсекција организирана од Министерството за здравство заради појавата на поплави кои го зафатија подрачјето на Република Македонија“ соопштија од Министерството.