Свет Балкан Војводина: 19 ученици затруени со гас на час по физичко

Војводина: 19 ученици затруени со гас на час по физичко

Деветнаесет ученици од основно училиште во местото Шајкаш во Бојводина се оснесвестиле за време на часот по физичко воспитување, најверојатно, поради труење со плин, јавуваат војводинските медиуми.

– Дошло до масовно труење на деца со гас, а 10 ученици се хоспитализирани во Детската болница во Нови Сад – соопшти портпаролот на болницата, Душан Вуковиќ, додавајќи дека децата се во стабилна состојба и оти ситуацијата е под контрола.

Како што наведува белградски „Блиц“, во салата за физичко образование дошло до течење на гас, поради што на децата им се слошило.

Најпрво едно дете се пожалило, а „додека професорите дошле да видат за што станува збор, одеднаш децата масовно почнале да се оснесвестуваат“, наведува весникот.

Истрагата е во тек, а се проверува дали нешто друго би можело да предизвика масовното труење.