Свет Балкан Војската на Србија ја зголеми борбената готовност

Војската на Србија ја зголеми борбената готовност

Војската на Србија го подигна нивото на борбената готовност и спремни сме заедно од другите безбедносни структури на Србија да одговориме на сите предизвици што би го загрозиле суверенитетот и интегритетот на Србија и нејзините граѓани, изјави министерот за одбрана на Србија, Братислав Гашиќ, кој вчера ја посети најјужната српска база Чворе, како и граничниот премин Прешево.

Гашиќ нагласи дека тие претставуваат најголема одбранбена сила во Србија и оти Србија нема да дозволи никакво загрозување на нејзините граѓани, стои на веб-страницата на српското Министерство за одбрана.

Министерот го посетил и граничниот премин Прешево, а припадниците на граничната полиција со кои разговарал за ситуацијата на граничниот премин, навеле дека ситуацијата е вообичаена.