Македонија Војниците се сретнаа и со Заев и од него побараа подобрување на...

Војниците се сретнаа и со Заев и од него побараа подобрување на нивниот статус

Премиерот Зоран Заев денеска се сретнал со Независниот синдикат на професионалните војници, при што тие го информирале за стандардот на вработените професионалци во Армијата на Република Македонија и побарале поддршка од владата за подобрување на социјалниот статус на професионалните војници.

На средбата било разговарано и за законската обврска, според која, државата е обврзана да обезбеди вработување на професионалните војници на неопределено време во други државни органи, по навршената 45 годишна возраст.

Претходно, професионалните војници се сретнаа и со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.