Свет Европа И војската ѝ помага на белгиската полиција

И војската ѝ помага на белгиската полиција

Околу 300 војници денеска се распоредени низ Белгија да ги надгледуваат објектите што би можеле да бидат цел на терористички напади, вклучително и објектите во пристанишниот град Антверпен, пренесуваат белгиските медиуми.

Белгискиот премиер, Стивен Вандепут, денеска во интервју изјави дека војниците надгледуваат одредени амбасади и неколку згради во еврејскиот кварт во Антверпен.

Белгија го крена нивото на предупредување од терористички напади на трето ниво, што е второ највисоко ниво, по антитерористичката акција во четвртокот, во која беа убиени двајца осомничени терористи, а еден беше ранет.

Ова е првпат по 30 години белгиските власти да ги засилат полициските сили во градовите со припадниците на армијата, а се случува по антитерористичките акции, во кои беа уапсени десетина осомничени терористи во неколку земји од Европска Унија.