Свет Балкан Воената парада ќе ја чини Хрватска речиси два милиони евра

Воената парада ќе ја чини Хрватска речиси два милиони евра

Воената парада во Загреб, по повод одбележување на 20-годишнината од воено-полициската акција „Олуја“, ќе ја чини Хрватска меѓу 1,31 и 1,96 милиони евра, пишуваат хрватските медиуми.

Настанот е предвиден за 4 август, а од ресорното министерство сè уште не дале прецизен одговор колку ќе чини.