Свет Воен авион падна во Египет

Воен авион падна во Египет

Египетската војска соопшти дека нејзин ловец „ф-16“ паднал за време на воени вежби, на локација која не се наведува, при што загинал целиот екипаж.

Во соопштението не се наведува колку лица загинале, ниту дополнителни детали за несреќата.

Портпаролот на египетската војска, Мохамед Самир, на новинарско прашање за падот на „ф-16“ рече дека деталите се важни само за војската.