Македонија Водостоите на реките двојно повисоки за просекот во март

Водостоите на реките двојно повисоки за просекот во март

Водостоите на сите реки се зголемени, а двојно повисоки од денешниот просек за март се нивоата на Треска кај Македонски Брод и Сатеска кај Ботун.

Според информациите на УХМР, пониски нивоа на водостоите има на Брегалница и Црна Река. Зголемувања на нивоата има и на Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро.

УХМР за викендов најавува врнежи од дожд и топење на снежната покривка што дополнително ќе ги зголеми водостоите.