Македонија Во Валандово денеска се одржува референдум за рудникот Казандол

Во Валандово денеска се одржува референдум за рудникот Казандол

Во Валандово денeска се одржува референдум на кој жителите од оваа општина треба да се изјаснат дали се „за“ или „против“ продолжување или стопирање на работата на рударскиот комплекс Казандол, но и дали да се отворат или не нови рудници за метални минерални суровини.

За референдумот да биде успешен, треба да излезат најмалку 5.200 граѓани со право на глас.

Валандово е четвртиот град каде што се одржува референдум. Жителите на Гевгелија, Богданци и Дојран веќе се изјаснија против отворање рудници.