Свет Балкан Во Турција уапсени двајца уставни судии

Во Турција уапсени двајца уставни судии

Двајца членови на Уставниот суд на Турција се уапсени и задржани на распит во акцијата на турските власти по минатонеделниот обид за државен удар, јави денеска приватната телевизија НТВ.

Досега, околу 60.000 воени лица, полицајци, судии, државни службеници, професори и наставници се суспендирани или отпуштени, а некои од нив се уапсени и се под истрага.

Уставните судии се дел од 113 лица кои вчера беа уапсени во судот.