Свет Балкан Во Турција уапсени двајца осомничени припадници на ИД

Во Турција уапсени двајца осомничени припадници на ИД

Турската полиција уапсиле двајца осомничени членови на Исламска држава, за која се верува дека планирале самоубиствени напади во Анкара за дочекот на Нова година.

Државното обвинителство денеска соопшти дека двајцата мажи во Турција влегле од Сирија. Осомничените планирале напад на плоштадот Кизилај во центарот на Анкара, вообичаеното место за прослава на Нова година.

Во двојниот самоубиствен напад на Исламска држава во Анкара, спроведен во октомври, загинаа 100 лица.