Свет Балкан Во Турција уапсени 81 лице, осомничени како припадници на ИД

Во Турција уапсени 81 лице, осомничени како припадници на ИД

Турските власти денеска притвориле 81 лице, повеќето странци, поради сомнеж дека планирале да им се приклучат на милитантите на таканаречената Исламска држава, јавуваат турските медиуми.

Меѓу нив, 21 лице се осомничени дека се високи членови на Исламска држава, додека 50 се странски државјани.

Акцијата е изведена во Истанбул и на други 31 место во шест турски покраини.