Свет Балкан Во Турција уапсени 100 осомничени припадници на ИД

Во Турција уапсени 100 осомничени припадници на ИД

Припадници на турската полиција уапсиле околу 100 лица, за кои се смета дека се поврзани со милитантната организација Исламска држава, јавуваат турските медиуми.

Полицијата во Истанбул извршила симултани операции во неколку окрузи, при што се уапсени 82 лица со странско државјанство.

Истовремено, од исто причини во јужната провинција Адена се приведени 11 сириски државјани.
Во Анкара вчера беа уапсени повеќе од 170 лица, исто таа осомничени за поврзаност со Исламска држава.