Свет Балкан Во Турција уапсен помагачот на напаѓачот од новогодишната ноќ

Во Турција уапсен помагачот на напаѓачот од новогодишната ноќ

Турската полиција уапсила Француз со турско потекло под сомнение дека му помагал на Абдулгадир Машарипов да го организира нападот во Истанбул на новогодишната ноќ.

Како што се наведува во соопштението на турската полиција, осомничениот е уапсен пред два дена во Истанбул, а медиумите наведуваат дека тој живее во Франција од 2009 година и оти е под истрага од 10 јануари.

Судот во Истанбул во го продолжи притворот на 34-годишниот Машарипов, првоосомничен за убиство на 39 лица за време на новогодишната ноќ во истанбулскиот клуб „Реина“.

Тој беше уапсен на 16 јануари, две недели по масакрот за кој одговорноста ја презеде Исламска држава.