Свет Балкан Во Турција приведени двајца градоначалници под обвинение за тероризам

Во Турција приведени двајца градоначалници под обвинение за тероризам

Турските власти привеле уште двајца градоначалници од редовите на прокурдската партија под обвинение за тероризам, јавуваат турските медиуми.

На југозападот на земјата се приведени Ахмет Турк, градоначалник на Мардин, и Емин Ирмак, градоначалник на Арткуку.

Турк е поранешен лидер на прокурдската партија, која е згасната во 2009 година поради обвиненијата дека е вмешана во тероризам. Тој минатата недела беше сменет од функцијата со одлука на Министерството за внатрешни работи.

Турското МВР смени или отпушти уште неколку градоначалници во југоисточните провинции Ван, Сирт и Тунчели, а подоцна тие беа и уапсени.