Свет Во Тунис уапсени 32 исламисти

Во Тунис уапсени 32 исламисти

32 исламисти, од кои некои се вратени од борбите во Сирија и планирале „спектакуларни“ напади, уапсија властите во Тунис.

– Антитерористичките сили осуетија планови за извршување спектакуларни напади врз витални објекти, вклучувајќи го и МВР, безбедносни служби и цивилни згради во Тунис – изјави Мохамед Али Аруи, портпарол на МВР на Тунис.