Македонија Во товарно возило пронајдени 44 мигранти

Во товарно возило пронајдени 44 мигранти

Утрово полициска екипа фатила 44 мигранти од Авганистан, Пакистан и од Сирија во возило „фиат дукато“ со српски регистарски ознаки.

Полициската екипа го забележала возилото со издишана гума, паркирано на автопатот Куманово – Табановце и се упатила кон него.

При контрола во просторот за товар, пронајдени се вкупно 44 мигранти кои се приведени во СВР – Куманово за понатамошна постапка.

Возачот на возилото е во бегство.