Македонија Во Тетово се случува урбанистичко насилство, реагираат од иницијативата „Тетово сака парк“

Во Тетово се случува урбанистичко насилство, реагираат од иницијативата „Тетово сака парк“

„Општината не е обврзана да спроведе штетен ГУП, напротив, може да го смени и опфатот да го зонира на начин кој навистина ќе донесе можности за хуман развој на жителите, а не на поединци“, се наведува во реакцијата

Фото: Граѓанска иницијатива „Терово сака парк“

Општина Тетово повторно суспендираше дел од ДУП за УБ 57а (ШИК „Јелак“) и почнува постапка за нов, наводно хуман ДУП на истиот опфат, чиј нацрт е веќе објавен на општинската веб-страница. Суспендираниот ДУП е криминален и штетен, па не треба многу за било кој нареден предлог да биде подобар од него, реагираа денеска од граѓанската иницијатива, „Тетово сака парк“.

„Триумфализмот кој ни го промовира општината е непотребен. Иако во новопредложениот ДУП има козметички подобрувања, тоа не значи дека тој е навистина добар. Суспензијата на претходниот ДУП не спречи градење. Секој кој поминал на крстосницата помеѓу ул. „29 Ноември“ и бул. „Видое Смилевски-Бато“ забележал градежна офанзива“, наведено е во реакцијата.

Оттаму цврсто стојат на ставот дека појдовна грешка со овој опфат е сторена со измената на Генералниот урбанистички план за посочениот опфат од февруари 2017 година, кога биле пренаменети индустриски зони во зони за домување.

„Општината не е обврзана да спроведе штетен ГУП, напротив, може да го смени и опфатот да го зонира на начин кој навистина ќе донесе можности за хуман развој на жителите, а не на поединци“, се наведува во реакцијата.