Свет Европа Во судир на воз и на автобус во Русија загинаа 19 лица

Во судир на воз и на автобус во Русија загинаа 19 лица

Најмалку 19 лица загинаа во судир на автобус и на воз во близина на градот Владимир, источно од Москва, соопштија денеска регионалните власти.

– Според најновите информации, 19 лица загинаа – изјави шефот на регионалната здравствена служба, Александра Кирјукин.

Во соопштението на регионалното министерство за внатрешни работи се наведува дека жртвите се наоѓале во автобусот.

Во соопштението се додава дека несреќата се случила поради техничка неисправност на автобусот.