Свет Во странство ќе се анализира снимката од рускиот авион

Во странство ќе се анализира снимката од рускиот авион

Египетскиот министер за авиосообраќај, Хосам Камал, денеска изјави дека во странство ќе бидат анализирани последните секунди од снимката од пилотската кабина на рускиот патнички авион, кој на 31 октомври се урна на Синај.

– Снимката треба да биде анализирана со користење технологија каква што не постои во повеќето земји – рече Камал.

Во истрагата за падот на авионот, во кој загинаа 224 лица, учествуваат експерти од Египет, Русија, Франција, Германија и од Ирска.