Свет Во сообраќајна несреќа во Перу загинаа 16 лица, поголемиот број деца

Во сообраќајна несреќа во Перу загинаа 16 лица, поголемиот број деца

Најмалку 16 патници, поголемиот број деца, загинаа, а 30 се повредени кога камион со кој се превезувале се превртел во бездна во централниот дел на Перу, соопштија денеска перуанските власти.

– Во несреќата погинаа приближно 16 лица – изјави регионалниот гувернер, Рубин Алва Очоа, додавајќи дека 30 повредени.

Несреќата се случила во неделата кога учениците, наставниците и родителите се враќале од организирано одбележување на национален празнк.

Алва рекол дека за несреќата е виновен лошиот пат и погрешната процена на возачот.

Сообраќајните несреќи се чести во Перу поради нерамните планински патишта кои се ризични за возачите.