Свет Европа Во сообраќајна несреќа во Франција загинале 12 патници

Во сообраќајна несреќа во Франција загинале 12 патници

Најмалку 12 лица загинале, а четвoрица се повредени при судар на минибус и на камион во централниот дел на Франција, соопштија денеска официјалните лица. Според првичните информации, загинале 12 Португалци.

Несреќата се случила доцна синоќa, пред полноќ. Минуибусот се движел од Швајцарија кон Португалија, а возачот бил единствениот што преживеал.

Загинале сите патници од минибусот и сите биле државјани на Португалија.