Македонија Во Собранието продолжува расправата за импичмент на Иванов

Во Собранието продолжува расправата за импичмент на Иванов

Собранието на Македонија денеска треба да ја продолжи расправата за предлогот за поведување постапка за утврдување одговорност на претседателот на Македонија, поднесена од пратениците од опозицијата.

Расправата за одговорноста на претседателот Ѓорге Иванов почна вчера, а минатата недела собраниска комисија ја оценуваше основаноста на предлогот поднесен од пратениците на СДСМ и на коалицијата, а поддржан од пратениците на ДУИ.