Свет Балкан Во Словенија жолт аларм поради поројните дождови

Во Словенија жолт аларм поради поројните дождови

Невреме

Во Словенија е прогласен жолт аларм поради поројните дождови што во текот на ноќта ја погодија земјата и кои, според најавите на метеоролозите, ќе продолжат и следните денови.

Метеоролозите прогнозираат дека денеска ќе биде прогласен највисок степен на опасност од поплави – црвен аларм.
Се прогнозира дека наредните денови ќе паднат повеќе од сто литри дожд на еден квадратен метар во целата земја.

Словенија минатиот месец беше погодена од поплави.