Свет Во Сирија стапи на сила договорот за прекин на огнот

Во Сирија стапи на сила договорот за прекин на огнот

Прекинот на огнот на југозападот на Сирија стапи на сила напладне по локално време во Дамаск.

САД и Русија постигнаа договор за прекин на огнот на југозападот на Сирија, а тоа го соопштија по средбата помеѓу претседателот на САД, Доналд Трамп, и на Русија, Владимир Путин, на самитот на Г20 во Хамбург.

Договорот за прекин на огнот до кој дојдоа САД и Русија го поздравија и Обединетите нации велејќи дека ќе ги поддржат претстојните мировни преговори.

Заменикот на специјалниот претставник на ОН за Сирија, Рамзи Рамзи, рече дека се надева дека договорот за прекин на огнот ќе доведе до намалување на насилството во Сирија.

– ОН секогаш се обидуваат да ги намалат тензиите и ескалацијата на борбата, а јас мислам дека ова е чекор во вистинската насока – рече Разми.