Свет Во Сирија бомбардирано складиште за гориво, 12 лица загинати

Во Сирија бомбардирано складиште за гориво, 12 лица загинати

Воени авиони бомбардираа складиште за гориво во северниот дел на Сирија, кој е под контрола на опозицијата, при што загинаа најмалку 12 луѓе.

Сириската Опсерваторија за човекови права соопшти дека телата се пронајдени во бомбардираниот дел во провинцијата Идлиб, додавајќи дека биле изгорени до непорепознатливост.

Опсерваторијата наведува дека засега не е познато дали жртвите се цивили или борци.

Лидерот на Високиот преговарачки комитет (ХНЦ), Ријад Хиџаб, наведе дека нападот бил масакр.

Во Сирија на сила е примирје, но прекинот на огнот се однесува само на зоните во кои се наоѓаат џихадистите од Исламска држава и сирискиот разгранок на Ал каеда.