Дописници Во Штип засилено се градат неколку цркви

Во Штип засилено се градат неколку цркви

Во период од една недела, во Штип се случуваат активности поврзани за две православни цркви, додека паралелно тече изградба на други осум цркви. Вчера беа осветени темелите на храм на самиот влез во Штип, во населбата Железничка, додека в недела, на Денот на ослободувањето на Штип, ќе биде осветена црквата „Свети Илија“, чиј ктитор е штипски бизнисмен.

Оваа своевидна црковна офанзива е поддржана од Општината Штип и од приватниот бизнис.

– Конкретно за изградбата на црквата во Железничка, каменот е од Пробиштип, што ќе се транспортира од страна на Општината, која ги плаќа и материјалите, додека мајсторите, кои се од Западна Македонија, ги плаќа локален бизнисмен – изјави градоначалникот Илчо Захариев.

Следна за осветување е црквата во Ново Село, „Свети Димитрија“, која се гради со финансиска поддршка на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, чие семејство потекнува од овој стар дел на Штип.