Дописници Во Штип од денеска нема да работи уште една поголема конфекција

Во Штип од денеска нема да работи уште една поголема конфекција

Текстилна фабрика со околу 250 работници од денеска не работи, а работниците ќе чекаат да бидат тестирани на Ковид-19. Ова го потврди градоначалникот на Штип, Благој Бочварски, кој рече дека сопственикот се согласил привремено да престанат со работа, до завршувањето на скринингот. Како што дознаваме, позитивни се четири работнички од оваа текстилна фабрика.

Со претходните шест, оваа е седмата текстилна фабрика во Штип, која што затвора на една недела додека не стигнат резултатите од скринингот.Во Штип до денеска околу 850 работници се надвор од производствениот процес.

Денеска се евидентирани седум новозаболени лица од Ковид-19. Два случаи се евидентирани со скринингот во градинките. Со најновите бројки, во Штип има 76 активни случаи. На инфективнито одделение во Клиничката билница се хоспитализирани 16 пациенти.