Свет Свет Во Северна Кореја за 15 години јавно се убиени 1.400 луѓе

Во Северна Кореја за 15 години јавно се убиени 1.400 луѓе

Речиси 1.400 лица се јавно егзекутирани во последниве 15 години во Северна Кореја.

Како што јави јужнокорејската агенција „Јонхан“, во периодот од 2000 до 2014 година во Северна Кореја јавно биле егзекутирани вкупно 1.382 лица.

Според невладините организации, во Северна Кореја постојат пет работни логори, во кои се сместени меѓу 80.000 и 120.000 политички затвореници. Но, Пјонгјанг ги отфрла ваквите обвинувања, тврдејќи дека работните логори се места во кои своите затвориски казни ги издржуваат криминалци.