Свет Свет Во Русија ќе почне уништувањето на храната чијшто увоз е забранет

Во Русија ќе почне уништувањето на храната чијшто увоз е забранет

Во Русија денеска стапува на сила претседателскиот декрет за уништување на нелегално увезени прехранбени производи, за кои е воведено ембарго, како одговор на санкциите што Западот ги воведе кон Москва заради мешање во украинската криза.

Документот кој претседателот на Русија, Владимир Путин, го потпиша на 29 јули, предвидува уништување на земјоделските производи, сирењето и на друга храна која е увезена од земјите што воведоа санкции кон Русија.

Се очекува дека првото количество нелегално увезена храна ќе биде уништено во Оренбург и во Санкт Петербург.