Економија Во првите десет месеци бројот на туристи е зголемен за пет проценти...

Во првите десет месеци бројот на туристи е зголемен за пет проценти во однос на лани

Во првите десет месеци годинава во однос истиот период лани, бројот на туристите е зголемен за пет проценти и тоа кај домашните туристи има зголемување за 5,3 проценти, а кај странските за 4,8 проценти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во истиот период ноќевањата се зголемени за 2,7 проценти и тоа кај домашните туристи има зголемување за 3,7 проценти, а кај странските има зголемување за 1,3 проценти.

Бројот на туристите во октомври изнесува 69.412, а бројот на ноќевањата изнесува 155.719.

Бројот на домашните туристи во октомври во однос на истиот месец лани е зголемен за 12,3 проценти, а бројот на странските туристи е зголемен за 12,8 проценти.