Култура Во продажба романот „Последната приказна“ од Ели Радеска

Во продажба романот „Последната приказна“ од Ели Радеска

Романот „Последната приказна“, од дебитантката Ели Радеска

Издавачката куќа „Ирис“ од Струга го издаде романот „Последната приказна“, од дебитантката Ели Радеска. Романот може да го најдете во книжарниците на „Три“ и на „Табернакул“.

Книгата е посветена на нејзината баба и, како што самата авторка кажува, инспирирана е од раскажувањата на еден од нејзините идоли, големиот Петре М. Андреевски.

-Чувствував како и јас да растам и созревам пишувајќи ја книгата и тоа ме радува и исполнува – рече Радеска, додавајќи дека нема подобар начин од пишаниот збор за нечие име да остане запаметено.