Култура Во продажба билетите за „Скопски џез-фестивал“

Во продажба билетите за „Скопски џез-фестивал“

Билетите за претстојното издание на „Скопски џез-фестивал“, кој оваа година ќе се одржи од 15 до 18 октомври, се пуштени во продажба.

Билетите можат да се набават на билетарниците на „Југотон рекордс“ и на Македонска опера и балет, како и преку интернет на www.mktickets.mk. Цените на билетите и сите други детали околу продажбата се достапни на веб-страницата на фестивалот www.skopjejazzfest.com.mk.