Македонија Во Прилеп поставена станица за мерење на квалитетот на амбиенталниот воздух 

Во Прилеп поставена станица за мерење на квалитетот на амбиенталниот воздух 

Денеска Прилеп доби мерна станица која ќе го покажува квалитетот на амбиенталниот воздух во градот.

„Мерната станица е поставена во центарот на градот, на зградата на Општина Прилеп. Со тоа е исполнето изборното ветување на градоначалникот Илија Јованоски дека граѓаните на Прилеп ќе имаат точни информации за загаденоста на воздухот. Со подетални информации за мерната станица, јавноста ќе биде запознаена веднаш после Новогодишните празници“, информираат од Општина Прилеп.