Хроника Во пожари изгореле кат и покрив на куќа во Смилево и покрив...

Во пожари изгореле кат и покрив на куќа во Смилево и покрив во Стара скопска чаршија

Во два пожари што избувнале вчера попладнето во селото Смилево и во Стара скопска чаршија изгореле кат и покрив на куќа, како и покрив на три стана.

Во куќата во демирхисарското село пожарот избувнал вчера, во 13.15 часот, најверојатно од неисправен фрижидер. Изгореле покривот на куќата и еден кат со целата покуќнина. За среќа, нема повредени лица. Пожарот бил изгаснат во 16 часот од екипа на Територијалната противпожарна единица Демир Хисар, а увид извршила екипа од СВР Битола.

Оџак на ресторан на улицата Бит-пазарска во Стара чаршија се запалил вчера во 13.40 часот, по што пожарот го зафатил и покривот на три станови. Повредени лица нема, а пожарот го изгаснала екипа од Бригадата за противпожарна единица. Увид се врши денеска.