Хроника Во пожар изгореле кат и покрив на куќа во скопска Гази Баба

Во пожар изгореле кат и покрив на куќа во скопска Гази Баба

Во пожар што избувнал вчера напладне во скопската населба Гази Баба, на  улицата  „Јајце“ изгореле горниот кат и покривот на куќа. Интервенирала скопската Бригада за противпожарна заштита и по 1 час од избивањето го изгаснала пожарот.

Во моментот кога избил пожарот, во куќата биле тројца членови на семејството кои навремено ја напуштиле куќата и не се здобиле со повреди, а Ј.А.(61) додека се обидувал да го изгасне пожарот, се здобил со повреди од парче дрво кое му паднало врз главата.