Хроника Во пожар изгоре куќа во Кочани

Во пожар изгоре куќа во Кочани

Пожарот ја зафатил покуќнината, а жената поради чадот што го вдишала побарала лекарска помош

Пожар вчера избувнал во домот на 59-годишна жителка на Кочани, која во тој момнет била сама во куќата, пренесува „Плусинфо“.

Пожарот ја зафатил покуќнината, а жената, поради чадот кој го вдишувала, била пренесена во медицинскиот центар во Кочани.

Денеска, стручни тимови треба да извршат увид во домот на кочанката за да се утврдат причините за пожарот.