Свет Европа Во последните два дена спасени 1.500 мигранти кај брегот на Либија

Во последните два дена спасени 1.500 мигранти кај брегот на Либија

Речиси 1.500 мигранти, меѓу кои многу жени и деца спасени се во последните два дена во Медитеранот, кај брегот на Либија, соопшти денеска италијанската крајбрежна стража.

Во десетина интервенции во последните 48 саати спасени се 1.482 лица. Италијанската крајбрежна стража не објави од кои земји потекнуваат лицата кои се спасени.

Во неделата биле спасени 730 луѓе, а денеска 752, но не е прецизирано колку од нив биле жени и деца.

УНХЦР минатата недела соопшти дека речиси 14.500 мигранти пристигнале во Италија преку Либија од почетокот на годината, што е за 42,5 отсто повеќе во однос на истиот период во 2015 година.