Македонија В понеделник прекин на сообраќајот кај Пресека поради минирање

В понеделник прекин на сообраќајот кај Пресека поради минирање

Поради изведување работи на пат со минирање, на патниот правец А2, Охрид – Кичево, на делот помеѓу Пресека – село Врбјани, в понеделник, на 21 декември, ќе има прекин на сообраќајот, соопштуваат од АМСМ.

Според најавите, сообраќајот ќе биде во прекин околу 15 минути, во периодот од 12.30 до 14.30 часот.