Свет Во пет пожари во Кејптаун загинаа девет лица

Во пет пожари во Кејптаун загинаа девет лица

Девет лица загинаа во пожари што изминатиот викенд го зафатија јужноафриканскиот град Кејптаун, а помеѓу жртвите се и две девојчиња, соопштија официјални лица.

Околу 1.500 луѓе останале без дом откако во текот на викендот, пет одвоени пожари го зафатија крајбрежниот град во Јужна Африка, изјави портпаролот на пожарникарската служба, Тео Лејн.

Тој изјави дека првиот пожар избил во петокот, на 25 декември, а три пожари наредниот ден во раните утрински часови. Петтиот пожар избил во неделата.

Сè уште не се познати причините за избивањето на пожарите.