Свет Во Перу забележан прв случај на вирусот зика

Во Перу забележан прв случај на вирусот зика

Властите во Перу соопштија дека во оваа земја е регистриран првиот потврден случај на опасниот вирус зика. Вирусот го донел маж од Венецуела, кој живее во Лима, а неодамна ја посетил Колумбија.

Министерот за здравство на Перу, Анибам Веласкес, рече дека очекува уште случаи на лица што го добиле вирусот во странство.

Тој додаде дека пациентот е изолиран и дека се преземаат чекори за да се запре ширењето на вирусот.

Перу се граничи со Колумбија, Еквадор и со Бразил, а зика со голема брзина се шири во Колумбија и во Еквадор.

Вирусот зика, кој се поврзува со оштетување на мозокот на новороденчињата, го пренесуваат комарци, а засега најзастапен е во Латинска Америка.

Венецуела регистрираше 4.700 можни случаи.