Свет Свет Во Пакистан уапсени 42 осомничени милитанти

Во Пакистан уапсени 42 осомничени милитанти

Во пакистанската провинција Пенџаб се уапсени 42 осомничени милитанти кои се товарат дека се поврзани со Исламска држава, соопштија денеска пакистанските власти.

Министерот за правда, Рана Санауках, изјави дека апсењата се резултат на рации што во текот на септември се спроведени во четири града во провинцијата Пенџаб и оти меѓу уапсените е и шефот на ИД за Исламабад, Амир Мансур, неговиот заменик, Абдулах Мансори, како и шеф на организацијата за покраината, Синд Умер Катио.

Министерот изјави дека операцијата против милитантите почнала минатата недела по рациите околу Даск, исто така во провинцијата Пенџаб, каде се уапсени 13 осомничени лица.