Македонија Во Охрид се учи, во Струга се штрајкува

Во Охрид се учи, во Струга се штрајкува

Во Охрид наставата се одвива нормално и вообичаено, додека во соседна Струга повеќе се штрајкува отколку што се учи.

– На ниво на општина, во Струга и во сите села, со исклучок на Вевчани, според нашите согледувања, 70 проценти од наставниците и од професорите не извршуваат настава и ја почитуваат одлуката на СОНК – вели Сурија Рашиди, началник за образование во локалната самоуправа.

Тој додава дека во неговата општина, во средно и во основно образование, се школуваат 8.500 ученици.

Слично како и во другите градови, каде локалната власт и градоначалниците се од владејачките партии, и во Охрид  беше одржана средба со директорите на училиштата во градот. Таму заклучиле дека сите предуслови за одржување на наставата биле исполнети и дека училиштата биле подготвени за почетокот на второто полугодие од учебната година. Тие не очекуваат никакви проблеми при редовното изведување на наставата.