Македонија Напредна школа на НАТО за справување со заканата од тероризмот во ЈИЕ

Напредна школа на НАТО за справување со заканата од тероризмот во ЈИЕ

Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, вечерва во Охрид ќе ја отвори напредната школа на НАТО, „Справување со заканата од тероризмот во Југоисточна Европа“.

Како што соопштуваат од министерството, на школата, која е заеднички проект со американскиот универзитетот „Норвич“, ќе учествуваат 40 претставници на безбедносните служби, кризниот менаџмент, академската заедница и на невладиниот сектор од Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Словенија, Србија, Хрватска и од Црна Гора и 17 експерти од областа од НАТО, ЕУ, Канада, Велика Британија, САД, Белгија и од регионот.

На школата, која ќе трае до 19 февруари, ќе се разговара и за тоа колку е сериозна заканата од современиот тероризам, причините, методите и процесот на радикализација, тактиките на дејствување, влијанието на бегалската криза врз безбедноста во контекст на заканите од тероризам.