Дописници Во Охрид ќе бидат отворени два центри за аутизам

Во Охрид ќе бидат отворени два центри за аутизам

За неколку дена во Охрид ќе биде отворен првиот од двата центри за рехабилитација, едукација и сензорна интеграција, наменети за ран третман на лица со аутизам, АДХД и аспергеров синдром.

Првиот од центрите, којшто ќе биде наменет за повозрасни лица, ќе се наоѓа во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ и ќе биде отворен на 8 ноември. Вториот центар е предвидено да биде наменет за деца на возраст од 2 до 8 години и ќе се наоѓа во охридската Општа болница.

Носител на овој проект е Здружението на граѓани за третман на лица со аутизам, АДХД и аспергеров синдром „Во мојот свет“, а се реализира со поддршка на Министерството на здравство, кое ги отстапува просториите за користење во рамки на Општата болница во Охрид и Болницата Св. Еразмо.

Реконструкцијата и опремувањето на двата центри за аутизам во Охрид е финансирано од страна на Амбасадите на Република Бугарија и на Република Чешка во Скопје.